Димитриеска Кочоска повтори дека нема да се извини: „За многу скоро ќе ви биде јасно зошто се случуваше сето ова“

од Nikola Popovski
415 прегледи

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска денеска повторно беше запрашана за нејзините одговори кон пратеничката Славјанка Петровска за време на минатонеделната седница за пратенички прашања во Собранието. Министерката беше обвинета дека ја навреди пратеничката за нејзината семејна состојба.

-Жалам што имаше таков дефокус во однос на тоа што јас го кажав од говорницата и како беше интерпретирано. Неколку пати повикав на тоа луѓето д аја услушуваат целата комуникација во Собранието и самите да носат заклучоци. Во однос на извинувањето, го кажав својот став – кога би погрешила, би се извинила. Воопшто немаше ништо тенденциозно ниту некаква намера. Јас зборував за трошоците за живот и врз основа на тоа не би сакала да коментирам понатаму на таа тема, рече денеска Димитриеска Кочоска по потпишувањето на Меморандум за соработка помеѓу Министерството за финансии и Економскиот факултет.

Министерката упати само еден апел до јавноста.

-Би замолила граѓаните да бидат стрпливи и да почекаат малку. Времето ќе покаже кој бил во право и зошто се случуваше сето ова. Оставете на времето, за многу скоро ќе ви биде јасно на сите зошто се случуваше сето ова, додаде Димитриеска Кочоска.

Од СДСМ веќе кажаа дека секој ден ќе бараат оставка од министерката поради упатените зборови. Петровска веќе поднесе преставка до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Слични содржини