Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим потврди дека нема да може да се потпре на дефанзивецот Хари Мегваер и играчот од средниот ред Мануел Угарте за денешниот прв натпревар од осминафиналето на Лига Европа против Реал Сосиедад во Шпанија. Двајцата се повредија при поразот од Фулам на пенали на турнирот од ФА Купот во Англија.
„Многу сме внимателни со нив бидејќи во моментов не можеме да си дозволиме да загубиме повеќе играчи на подолг временски период. Тие останаа во Англија и нема да можат да играат против Реал Сосиедад бидејќи би ризикувале премногу“, изјави Аморим на синоќешната прес-конференција на англискиот клуб, цитиран од Ројтерс.
Стручњакот, кој го презеде Манчестер Јунајтед во ноември, ја истакна важноста да се балансира развојот на академијата со потребите на првиот тим во услови на криза со повреди.
„Се обидувам да се справувам со се. Кога го избирам мојот состав, се трудам да размислувам за секој аспект“, додаде Рубен Аморим.
Алтај Бајандир, Том Хитон, Џони Еванс, Коби Меину, Лук Шо и Мејсон Маунт и Лисандро Мартинез продолжуваат да се опоравуваат, како и Амад Диало, кој негува повреда на зглобот.