Проблеми со поштенските услуги: 20 претставки поднесени до Агенцијата

од Даниел Ѓорѓиевски
25 прегледи

На денешната седница, Собраниската комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање едногласно донесе предлог заклучок во кој се истакнува дека Агенцијата за пошти во 2024 година не ги реализирала активностите за подобрување на квалитетот на услугите и сузбивањето на нелојалната конкуренција. Комисијата, исто така, оцени дека Агенцијата не постигнала очекуваните цели и резултати, а овие заклучоци ќе бидат доставени до Владата, Министерството за транспорт и врски, како и до самата Агенција за пошти.

Предлог заклучокот беше поднесен од пратеникот Тони Јаневски, кој нагласи дека Агенцијата не функционираше независно, туку како алатка на определено политичко влијание, кое, според него, хипотетички, имало негативно влијание врз работата на Националниот оператор. „Не станува збор дека таму не треба да се соочиме со проблемите, треба решенија и за преодни одлуки, но дефинитивно Агенцијата има улога за обременување на работата на Пошта, кои произлегуваат од самиот Извештај“, рече Јаневски.

Извештајот за работењето на Агенцијата во 2023 година го презентираше директорот Сретен Миладиновски, кој истакна дека минатата година била издадена само една лиценца за нова компанија во поштенскиот сообраќај. Според него, трендот на нови компании кои добиваат лиценци опаѓа, а во државата, заедно со Пошта, работеле уште 32 даватели на поштенски услуги. Четири компании го изгубиле статусот на даватели на поштенски услуги.

Во 2024 година, до Агенцијата биле поднесени дваесет претставки од физички и правни лица, кои најмногу се однесувале на неуредна достава на пратки, проблеми со неработење на поштенски единици, губење и оштетување на пратки, недоставување на пратки и други неправилности во работењето.

На денешната седница, Комисијата исто така разгледа и предлогот за изменување и дополнување на Законот за градење во прво читање и донесе заклучок да биде проследен во понатамошна процедура.

Слични содржини