Макрон објави кога ќе разговара со Путин

од Nikola Popovski
143 прегледи

Францускиот претседател, Емануел Макрон изразил подготвеност да оствари телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, под услов Владимир Зеленски и европските лидери да се согласат на тоа, пишува францускиот весник „Поан“.

„Подготвен сум да разговарам со претседателот Путин кога претседателот Зеленски, нашите европски партнери и јас ќе оцениме дека ќе дојде соодветниот момент“, рекол Макрон.

Претходно, францускиот претседател веќе изрази подготвеност да разговара со Путин кога ќе дојде соодветниот момент. Според Макрон, тоа би можело да се случи за време на претстојната рунда преговори.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи ја претходната намера на Макрон, изјави дека нема барање за организирање телефонски разговор меѓу лидерите на двете земји.

Слични содржини