Трамп: Верувам дека Путин сака војната да заврши

од Milan1
61 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти рускиот претседател Владимир Путин сака да ја заврши војната и дека му е потешко да се справи со Украина, велејќи дека „тоа ќе го среди“.

Во интервју за „Фокс Бизнис“ што ќе се емитува викендов, чии делови објави денеска „Индипендент“, на прашањето дали верува дека Путин сака да ја заврши војната, Трамп одговори дека тоа го прави.

„Мислам дека ни оди многу добро со Русија, а тие во моментов ја бомбардираат Украина. Искрено, тешко ми е да се справувам со Украина. Тие немаат никакви адути“, рече Трамп.

Запрашан дали Путин ја користи паузата во испораката на американската воена помош за Украина, Трамп рече дека мисли дека го прави она што би го направил секој друг.

„И мислам дека тој напаѓа посилно отколку што напаѓаше. И мислам дека веројатно секој на таа позиција би го правел истото“, нагласи тој.

Американскиот претседател, исто така, и се закани на Русија со „масовни“ санкции и царини како одговор на разорните ракетни напади врз украинските градови во текот на ноќта, повикувајќи ги двете страни „да седнат на маса сега, пред да биде предоцна“.

Запрашан зошто САД не ѝ обезбедуваат на Украина противвоздушна одбрана за да го спречат Путин да ги бомбардира, Трамп рече дека треба да знае дека двете страни сакаат да постигнат договор.