Маж кога ја видел полицијата голтнал опаковка со дрога, итно пренесен во болница

од Milan1
35 прегледи

„На 07.03.2025 година во 17.20 часот, на пресекот на улиците „Кленоец“ и „Железничка“ во Охрид, лишен од слобода е М.Ј.(30) од Охрид. Тој, при контрола на неговиот патнички автомобил „Рено“ со охридски регистарски ознаки, проголтал опаковка со бела прашкаста материја по што е пренесен во Општата болница во Охрид. По преземени неопходни медицински мерки, опаковката е обезбедена по што ќе следи вештачење“, информираат од МВР.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.