Познатиот тексашки рапер Џ.С. Лил Рони и неговата петгодишна ќерка Р`Mани се брутално убиени во автоперална. Трагедијата се случила среде бел ден додека раперот си го миел автомобилот, а нападот бил снимен на безбедносните камери.
Полицијата добила дојава за пукање околу 11 часот, но и покрај брзата интервенција на итната помош, таткото и ќерката биле пронајдени мртви. Според властите, двајца напаѓачи се приближиле до возило „Киа“ и отвориле оган без предупредување.
Властите во Тексас успеаја да уапсат еден од осомничените за убиството, човекот по име Робисон, кој ќе биде екстрадиран во округот Тарант каде ќе се соочи со две обвиненија за убиство. Меѓутоа, вториот осомничен Џејкоб Расел сѐ уште е во бегство, а полицијата интензивно трага по него.
Безбедносните камери снимија застрашувачки сцени, раперот Џеј Ес Лил Рони се обидува да избега, трчајќи преку паркинг, додека неговите напаѓачи го бркаат и пукаат во него. Видеото од убиството брзо се прошири на социјалните мрежи, шокирајќи ги неговите обожаватели и јавноста.
Неговото семејство, пријателите и обожавателите се уште се во неверување поради бруталното убиство.
Соседите кои биле во близина во моментот на нападот изјавиле дека слушнале бучава и бројни истрели. Некои сведоци тврдат дека биле испукани дури 20 куршуми.
Посебно трогателен податок е тоа што малата Р’Мани го прослави својот петти роденден ден пред нападот, несвесна дека тоа ќе биде нејзиниот последен ден на среќа и радост.
Рони беше познато име во тексашкиот хип-хоп светот, со над 151.000 следбеници на „Instagram“, 19.000 претплатници на „YouTube“ и 40.000 слушатели на „Spotify“. Меѓу неговите најпознати песни се „Hoodfame Killuminati“, „Wops“, „Stay Out My Way“ и „Crash Pt 4“.