По по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, пред Универзалната сала во Скопје започна, Маршот за женски права организиран, од Платформата за родова еднаквост.
Оваа година, маршот се одржува под слоганот „Нека јадат ружи!“ и тој започна со извикување во еден глас „Жени, живот, слобода“.
-8 Март не е ден за симболични гестови и излитени фрази. Овој 8 Март не сакаме ружи. Што ќе ни се ружи кога немаме за леб? Живееме во нехуман и неодржлив систем базиран на системско силеџиство што ни ги окупира животите и ни ги ограничува одлуките и можностите. А во кризи, товарот несразмерно ја погодува жената. Токму затоа, велиме, не сакаме ружи, туку повикуваме на феминистичка борба за слобода, солидарност и автономија, велат од Платформата за родова еднаквост, оргнизатор на маршот.