Адам Болер, кој беше назначен од американскиот претседател Доналд Трамп за лице за преговори за заложниците со палестинската група Хамас, одговори на критиките од Израел поради директниот контакт на Вашингтон со движењето.
Како што објави „Аксиос“, претставниците на САД и Хамас разговарале преку катарски посредник, но и директно, со што го исклучиле Израел од процесот.
Кога дојдоа критиките за администрацијата на Трамп од Израел, Болер јасно одговорил, велејќи дека „Америка не е агент“ на оваа земја.
Иако рече дека „го разбира израелското раководство“, Болер исто така додал дека морал „да започне преговори кои досега не одат во вистинската насока“ и дека „имал многу добри разговори“ со претставниците на Хамас.
За потсетување, директниот контакт меѓу САД и Хамас беше екстремно лошо сфатен во израелската влада и доведе до „разговор полн со тензии“ меѓу најважниот помошник на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Рон Дермер, и Болер.
Иако никој од Израел јавно не го критикуваше Болер или Трамп, тие „зад сцената“ беа крајно лути на американското раководство, што се оправдуваше со тоа што меѓу заложниците беше и американскиот државјанин Едан Александар.