Синоќа дошло до тешка сообраќајна несреќа кај Штип што резултирала со еден загубен човечки живот. Како што објавија од полицијата, трагедијата се случила десет минути пред полноќ.
-На 09.03.2025 околу 23.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип – Карбинци, на влез во с.Карбинци, патничко возило „тојота“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.Л.(36) од с.Карбинци, излетал од патот и удрило во бетонски столб. Од здобиените повреди, на местото починал сопатникот М.Т.(34) од Штип, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Со тешки телесни повреди се здобил возачот В.Л., констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип, соопштија од Штипската полиција.