Ливерпул направи огромна зделка

од Vladimir Zorba
32 прегледи

Раководството на Ливерпул ги потврди гласините за промена на главниот технички спонзор. Почнувајќи од новата сезона, „Црвените“ се враќаат кај долгогодишниот партнер „Адидас“ кој ќе го облекува англискиот гигант во следните неколку години.

Досега дресовите на Ливерпул ги правеше главниот конкурент на германскиот концерн – „Најк“.

Според различни извори на Островот, клупската каса ќе добива 60 милиони фунти годишно. Ова го прави договорот еден од најголемите во светскиот фудбал.

Покрај првиот тим, „Адидас“ ќе ги опреми и сите младински и женски тимови на „црвените“.

„Ова е трето партнерство меѓу Ливерпул и германската компанија. Претходно, двете страни соработуваа во периодите 1985-1996 и 2006-2012 година“, се вели во соопштението.

Официјалниот дрес на Ливерпул ќе биде официјално пуштен во продажба на 1-ви август оваа година.

Слични содржини