Токму кога се враќаше во форма и се враќаше на големата сцена, Нејмар повторно ќе мора да паузира.
Искусниот и прославен бразилски напаѓач не беше во составот на Сантош на минатиот меч поради нова повреда. Нејмар не се чувствувал подготвен и не се најде ниту на клупата за резерви.
Бразилецот се пожалил на болки кои ги чувствувал веќе неколку недели, но овојпат тоа го спречил вечеравечер да игра за Сантош. Поранешниот играч на Барселона беше на прегледи и му посочија дека треба да паузира.
Нејмар се огласи и по пропуштањето на натпреварот: „За жал, чувствував болка во последните неколку недели… Навистина сакав да му помогнам на тимот, направивме тестови утрово, но повторно почувствував болка“.
Навистина е штета што ова се повтори. Нејмар беше во подем и во добра форма. Тој дури повторно беше повикан во репрезентацијата на Бразил, но сето тоа сега е под знак прашалник бидејќи не се знае колку време ќе отсуствува од терените.