Надворешно разузнавачката служба на Русија: Британија е главниот двигател на глобалните конфликти

од Milan1
198 прегледи

Надворешно разузнавачката служба на Руската Федерација ја обвини Велика Британија дека е главен поттикнувач на глобалните конфликти, а освен тоа, оваа земја можното подобрување на односите меѓу Америка и Русија го гледа како закана за британските интереси.

„Лондон стравува дека тоа може да доведе до неуспех на британската стратегија за задржување на Москва, во која контролата над Украина зазема централно место“, се вели во соопштението на руската разузнавачка служба.

„Како што видовме во пресрет на двете светски војни во 20 век, Лондон сè уште делува како главен двигател на глобалниот конфликт“, оценува руската СВР, додавајќи дека Британците „сметаат уште еднаш да се извлечат од конфликтот, безбедни на нивниот остров“.

Слични содржини