455
Лидерите на двете најголеми партии во Македонија, премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на СДСМ Венко Филипче, се фотографирани вечерва како заедно седат на иста маса на ифтарска вечера.
Фотографијата на Фејсбук ја објави премиерот Мицкоски.
„Денес присуствував на ифтарска вечера. Ваквите собири се потсетник дека вистинските вредности лежат во солидарноста, човечноста и почитта кон различностите што не зближуваат“, напиша премиерот на Фејсбук.