Современ пристап во ослободување од болката

Ова е прв центар за третман на болка во Македонија и регионот, конципиран според високи медицински стандарди, со најнова технологија и едуциран кадар што ги следи новините од таа област, за да биде излекувана секоја болка.

од Vladimir Zorba
13 прегледи

Центарот за третман на болка при Клиничката болница „Аџибадем Систина“ веќе една година им го подобрува квалитетот на живот на многу пациенти. Ова е прв центар за третман на болка во Македонија и регионот, конципиран според високи медицински стандарди, со најнова технологија и едуциран кадар што ги следи новините од таа област, за да биде излекувана секоја болка.

„Постојат различни причини за појава на болка, но генерално болката се дели на акутна и хронична, а во зависност од причината, хроничната болка може да биде хронична немалигна болка и хронична малигна болка. Секој пациент е различен, а тоа што е ефикасен лек за еден, можеби нема да биде најдобро решение за друг“, вели д-р Татјана Спировска, специјалист по анестезиологија со реаниматологија.

Токму затоа Центарот за третман на болка нуди мултидисциплинарен, мултимодален и персонализиран пристап за секој пациент. Комбинирајќи различни методи, терапии и интервенции, тимот од врвни специјалисти создава индивидуализирани планови за третман, со крајна цел – ослободување од болката и подобрување на животниот квалитет.

Во нашиот Центар за третман на болка се користат лекови, третмани, техники, методи, кои се практикуваат во современите центри: медикаментозна терапија, криоаблација, озонска терапија, невролиза, радиофреквентна аблација (RFA), пумпи за континуирано супкутано обезболување, палијативна радиотерапија, палијативна хемотерапија, третман на акутни и хронични болни невропатии, третман на мигрена со ботокс и физикална терапија каде што спаѓаат: ласеротерапијата, електротерапијата, високофреквентното магнетно поле, мануелната масажа и различните мануелни техники, тракциската терапија, хидротерапијата и кинезитерапијата  која е индивидуално подготвена и приспособена кон потребите на секој пациент поединечно. 

„На минатогодишниот Светски конгрес за болка, една од најактуелните теми беше обезболувањето преку стимулација на невровегетативниот систем. Следејќи го примерот на водечките европски центри, кои веќе започнаа со имплементација на мали стимулаторни уреди што таргетираат три завршни гранки на нервус вагус, Центарот за третман на болка при Клиничката болница ‘Аџибадем Систина’ е во фаза на воведување на оваа иновативна метода. Овој вид стимулација значително ја намалува хроничната немалигна болка, особено кај пациенти со мигрена, дијабетична невропатија, како и болки во вратот и грбот“ – објаснува д-р Спировска.

Континуираното воведување нови знаења, современи медицински помагала и најмодерна апаратура, заедно со високиот степен на посветеност на нашиот медицински тим, го прават Центарот за третман на болка во „Аџибадем Систина“ водечка институција во регионот. Нудиме најсовремени решенија за третман на болка, со гарантиран висок квалитет на нега и индивидуализиран пристап за оптимално ослободување од болката и подобрување на квалитетот на животот на пациентите.

Слични содржини