Жирито на изборот за Европски автомобил на годината 2025 година го избра електричниот Renault 5, поточно неговата спортска верзија Alpine A290, за најдобар автомобил на годината на Стариот континент.
Ласкавата титула му припадна на Renault 5, кој победи уште шест ривали во финалето, а тоа се Alfa Romeo Junior, Citroen C3-eC3, Cupra Terramar, Dacia Duster, Hyundai Inster и Kia EV3. Овогодинешниот натпревар беше поконкурентен од кога било, бидејќи сите финалисти имаа електрифицирани верзии, а повеќето од нив беа целосно електрични.
Со оваа победа, Renault 5 ја презеде круната од Scenic на Renault, кој беше победник во 2024 година. Ова е втор пат во 62-годишната историја на натпреварот „Автомобил на годината“ една марка да ја освои круната две години по ред. Претходно, тоа беа Fiat Punto и Fiat Bravo во 1995 и 1996 година.
Победникот беше избран од жири од 60 членови, имено автомобилски новинари од водечки европски медиуми, а награди добија и извршниот директор на Renault, Фабрис Камболив и извршниот директор на Alpine, Филип Криф.
Резултатите од гласањето изгледаат вака:
Renault 5 – 353 поени
Kia EV3 – 291 поени
CITROEN C3-eC3 – 215 поени
Hyundai Inster – 172 поени
Dacia Duster – 168 поени
Cupra Terramar – 165 поени
Alfa Romeo Junior – 136 поени.
Продажбата на електричниот Renault 5 E-Tech започнува кон крајот на оваа година. Основната цена на електричниот хечбек ќе биде 25.000 евра, а моделот ќе се произведува во фабриката на Renault во Франција.