Ако мислевте дека драмата помеѓу Џастин Балдони и Блејк Лајвли малку се смири – се лажете. Во неочекуван нов пресврт, австралискиот актер Хју Џекман, ѕвездата на филмовите „Волверин“, сега е вклучен во целата приказна.
Имено, извор запознаен со ситуацијата за Daily Mail изјавил дека Џекмен ќе мора да сведочи во судската постапка меѓу Блејк и Џастин, која треба да започне на 9-ти јуни следната година.
„Тимот на Балдони прави сè што може за да добие целосен увид во однесувањето на Рајан (Рејнолдс) за време на снимањето на филмот It Ends With Us“, коментира изворот.
„Хју ќе мора да сведочи ако ова оди на суд. Нема шанси тоа да не се случи“, додаде изворот.
Балдони претходно го обвини Рејнолдс дека го исмејувал во филмот „Дедпул“. Со оглед на тоа што Рајан и Хју глумеа заедно во филмот „Дедпул и Вулверин“, за некои можеби не е изненадување што приказната сега стигна до Џекмен.