(ВИДЕО) Средба Путин – Лукашенко: Зборувавме за Украина, ветувањата се само празни зборови

од Milan1
64 прегледи

„Разговаравме за конфликтот во Украина. Ветувањата се празни зборови, мора да се држиме до фактите. Гледаме некои позитивни случувања во геополитичката ситуација, но санкциите и притисокот се уште се тука. Притисокот  им се одби од глава. Уверени сме дека ќе ги надминеме овие притисоци со текот на времето“, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко на заедничката прес-конференција со рускиот претседател Владимир Путин.

Путин додаде дека на средбата било разговарано за заедничка одбрана.

„Поради тешката ситуација во Европа и на нашите граници, разговаравме за заедничка одбрана. Руското тактичко нуклеарно оружје се наоѓа во Белорусија“, рече Путин, кој го спомена и „различниот воен арсенал“ што го делат Русија и Белорусија.