Откриен најголемиот „хендикеп“ на Ѓоковиќ

од Nikola Popovski
92 прегледи

Хајнц Гинтхарт, долгогодишниот тренер на Штефи Граф, истакнува дека недостатокот на мечеви е главниот проблем на тенисерот Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ минатата сезона одигра минимален број турнири и не успеа да освои ниту една АТП титула.

„Играњето толку малку станува вистински хендикеп“, изјави Гинтhарт за „Blick“ и додал:

„Довербата и рефлексите доаѓаат од ритамот на натпреварите. На највисоко ниво, неколку сантиметри доцнење може да сменат сè. Како што стареете, треба да тренирате поефикасно. Секојдневната концентрација станува неопходна“.

Ѓоковиќ претрпе три последователни порази оваа сезона (АО, Доха, Индијан Велс), што не му се случило од 2018 година.

Што се однесува до Гинтхарт, тој работеше со Граф од 1992 до 1999 година, кога Германката ја заврши кариерата, за време на која освои 22 Грен слем титули и помина 377 недели на првото место на ВТА рангирањето.

Слични содржини