72
Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати 12 барања до ЕУ, наведувајќи дека унгарскиот народ сака мир, слобода и хармонија и дека Украина не треба да биде членка на Унијата.
Орбан на социјалните мрежи напиша дека Унгарија, меѓу другото, бара од Брисел еднаквост пред законот за сите земји-членки, како и дека сите земји-членки можат да го заштитат својот национален суверенитет и права.
Унгарскиот премиер посочува и дека агентите на американскиот бизнисмен Џорџ Сорос треба да бидат исфрлени од Европската комисија, како и „корумпираните лобисти“ од Европскиот парламент.