📸Ева Лонгорија го слави својот 50-ти роденден: Позираше во проѕирна бела кошула, истакнувајќи ја својата фигура

од Vladimir Zorba
182 прегледи

Актерката Ева Лонгорија денеска го слави својот 50-ти роденден, а по повод овој настан на својот Инстаграм сподели серија фотографии на кои самоуверено позира во бела ленена кошула.

Лонгорија избра да позира во проѕирна бела ленена кошула, како и проѕирен кардиган од тантела кој ја истакнува нејзината фигура и ги истакнува градите.

Во описот на објавата таа напиша: „Ова се 50-тите“, а нејзиното роденденско издание наиде на голем број позитивни реакции, како кај колегите, така и кај бројните обожаватели.

Некои од нив го изразија своето задоволство во коментарите под објавата и ја пофалија самодовербата на Ева, која зрачи од овие роденденски фотографии. Нејзината објава за кратко време собра над 80.000 лајкови.

„Сигурна и сензуална. Најважно е да се чувствуваш удобно во своја кожа“, „Секоја година стануваш подобра и поубава“, „Никогаш 50-тите не изгледале подобро“, беа само дел од коментарите под нејзината објава.

За потсетување, откако Доналд Трамп победи на претседателските избори, Ева Лонгорија објави дека заминува од САД. Во таа прилика изјавила дека таа и нејзиното семејство ќе бараат подобар живот во Мексико и Шпанија.

Ева и нејзиниот сопруг Хозе Бастон имаат шестгодишен син Сантијаго, а моментално живеат меѓу Мексико и Шпанија.

Слични содржини