1,8K
Владимир Блажев (Панчо) е хоспитализиран во една од клиниките во КЦ „Мајка Тереза“ откако се здобил со изгореници на лицето и раката и вдишал чад по синоќешниот настап во дискотеката Пулс во Кочани, каде по избувнувањето на пожар загинаа над 50 лица.
Тој се наоѓа и на кислородна поддршка, изјави за Канал 5 неговата сестра, која ги добила информациите од сопругата на Панчо.
Другите членови на групата дел се сместени во болниците, дел се на домашно лекување.