25
На повеќедецениското чекање му дојде крајот! Њукасл го освои својот прв трофеј по 70 години победувајќи го Ливерпул со 2-1 во финалето на Лига купот.
Њукасл последен пат освои голем трофеј во 1955 година кога го крена ФА Купот. Во меѓувреме, го освои и веќе непостоечкиот Куп на саеми во 1969 година, но голем трофеј не се слави од 1955 година.
Во денешното големо финале на „Вембли“ пред речиси 90.000 гледачи, Њукасл беше подобар и заслужено го освои трофејот против непрепознатливиот Ливерпул.
Она што е интересно е што пред дваесетина дена навивачите на Ливерпул претендираа за четири трофеи. На крајот испаднаа од ФА Купот, Лигата на шампионите, а сега останаа и без Лига купот.
За среќа, титулата во Премиер лигата треба да биде достижна.