🎥Србија со поддршка за Македонија преку порака на Белградската кула

од Nikola Popovski
809 прегледи

Синоќа на познатата Белградска кула беше истакнато македонското знаме со црна лента и натпис „Србија е со Северна Македонија“. Се емитуваше и видео од запалена свеќа со натпис „Кочани“. Со тоа, Србија им оддаде почит на жртвите од пожарот во дискотеката.

Според последните информации, 59 лица загинаа, а 155 се повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој избувна во три по полноќ саботата кон неделата за време на концертот на ДНК. 22 од нив се тешко повредени.

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера изјави дека Србија ќе прими дел од потешко повредените во пожарот.

Според нашето Министерство за здравство, 5 пациенти се веќе хоспитализирани кај нашиот северен сосед, а дополнителни 12 пациенти со воен авион се на пат кон Белград.

Слични содржини