Бужаровска: Министри и Ректори го узурпираа гласот на младите за нивни цели

од Vladimir Zorba
146 прегледи

Присуствував на денешниот собир организиран од студентите на платото на УКИМ. Платото беше полно. Реки млади видно истрауматизирани луѓе се слеваа кон универзитетот. Немаше место каде да се стои. Во траорната атмосфера во која сепак се чувствуваше сплотеност, одржавме седум минутен молк, пишува писателката Румена Бужаровска на својот Фејсбук профил.

„А потоа излезе да зборува Ректорката. На универзитетски собир тоа до некаде го разбирам, но не разбирам зошто први не се обратија студентите. За жал во говорот на Ректорката немаше збор за одговорноста и за системот што ги уби децата и уби еден цел град, туку беше полн сентиментални флоскули, во кое време му се слоши на млад човек во толпата. По траорната пауза во која се бараше доктор, Ректорката продолжи со празниот говор. Очекувавме дека потоа ќе излезат да зборуваат младите, но не, излезе Министерката за образование и застана пред Филозофскиот факултет, чии предмети етика и логика неодамна ги укина во средното образование“.

Слични содржини