Ѓоковиќ повторно со поддршка на студентите: Отсекогаш сум ја поддржувал слободата на избор и секогаш ќе ја поддржувам

од Milan1
123 прегледи

Еден од оние кои го поддржаа големиот студентски протест е и Новак Ѓоковиќ, кој веќе неколку пати и претходно им изразуваше поддршка на студентите. Поради неговата саботна поддршка, тој практично беше мета и навредуван од некои медиуми блиски до властите, но најголемиот спортист во Србија повторно се огласи.

Многу спортисти го поддржаа големиот студентски протест во Белград, меѓу кои и Новак Ѓоковиќ. Донекаде беше и очекувано да има реакција од медиумите блиски до властите, бидејќи по претходниот гест на поддршка, тие медиуми дури и не известуваа за неговиот натпревар на АТП турнирот во Бризбејн.

Во меѓувреме повторно се огласи Ѓоковиќ. Овој пат преку Инстаграм профилот на неговата фондација.

– Отсекогаш сум ја поддржувал слободата на избор и секогаш ќе ја поддржувам, бидејќи слободата е суштинска за среќен човечки живот, напиша Ѓоковиќ.

На големиот протест во саботата, покрај Новак Ѓоковиќ, студентите добиа поддршка и од голем број на други големи спортисти. Или преку лично присуство, или преку објави и пораки. Меѓу нив беа, меѓу другите, и Дејан Бодирога, Ивана Шпановиќ, Игор Бутулија, Данило Икодиновиќ, Александар Атанасијевиќ, Душан Мандиќ, Владе Дивац, Александар Ѓорѓевиќ, Владимир Штимац, Богдан Богдановиќ, Алеса Аврамовиќ, Мања Видиќ, Игор Бутулија, Ненад Зимоњиќ, Уго Вијера…

Слични содржини