14
Во текот на денот не очекува претежно сончево време со слаб до умерен северен ветер. Минималните температури ќе се движат од -8 до 0 степени, додека максималните ќе достигнат од 7 до 15 степени.
Во Скопје, времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Во наредните денови следува период на стабилно време, но со ниски утрински температури кои до петок насекаде ќе бидат под нулата. Дневните температури ќе бидат во пораст. До петок ќе дува умерен северен ветер, а од петок се очекува промена на ветерот во јужен, кој за време на викендот ќе засили.