Tesla нема да има штанд на меѓународниот саем за автомобили во Ванкувер. Одлуката ја соопшти Ерик Никол, извршен директор на саемот, кој се отвора денеска во конгресниот центар во Ванкувер. Никол објасни дека американскиот производител добил повеќе совети доброволно да се повлече од шоуто. Накратко, американскиот производител на електрични автомобили е аут.
– Примарната грижа на Саемот за автомобили во Ванкувер е безбедноста на посетителите, изложувачите и персоналот – вели Никол и додава: „Оваа одлука ќе обезбеди сите учесници да можат да се фокусираат единствено на уживање во многуте позитивни елементи на настанот“.
Канаѓаните започнаа бран протести за отстранување на Tesla поради извршниот директор Илон Маск и неговата улога во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Стотици луѓе присуствуваа на протестот против компанијата во Ванкувер минатата сабота пред застапништвото на брендот.
Како што веќе е познато, односите меѓу САД и Канада се екстремно заладени во последните месеци.