Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти ќе биде постигнат целосен прекин на огнот „многу наскоро“ за да се стави крај на војната меѓу Русија и Украина.
„Наскоро ќе имаме целосен прекин на огнот во руско-украинската војна“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба, пренесува Си-Ен-Ен.
„Ќе постигнеме договор, тој се преговара токму сега. Договорот во однос на поделбата на земјата и слични работи се преговара додека зборуваме“, рече Трамп. Тој нагласи дека ќе биде упорен да инсистира војната да заврши, со цел да се запрaт убиствата и да се зачуваат парите што САД ги потрошиле за воена помош за Украина.
На прашањето од новинарите дали САД ќе воведат санкции кон Русија за нејзините континуирани напади врз Украина, Трамп одговори: „Па, тие се борат меѓу себе“, пишува Си-Ен-Ен.