Норис: Повторно направив неколку грешки

од Vladimir Zorba
194 прегледи

Ландо Норис втор ден по ред не го комплетираше последниот летечки круг во квалификациите на патеката во Шангај по грешка при сопирање за претпоследниот свиок.

Ова го спречи Британецот да се бори за пол-позицијата за утрешната трка за Големата награда на Кина, која ја освои неговиот тимски колега Оскар Пјастри. Норис нема ни да стартува од првиот ред, бидејќи беше претекнат и од Џорџ Расел, кој утре на стартот ќе ги раздели возачите на Мекларен.

„Секогаш сум разочаран кога не сум на пол-позицијата, но Оскар го заслужи тоа денес. Тој прави навистина добра работа цел викенд. Среќен сум за него и за неговиот прв пол во Формула 1. Повторно направив неколку грешки, тоа го правам од почетокот на викендот, но болидот се чувствуваше подобро денес. Се движиме во многу подобра насока по проблемите што ги имав вчера и утрово, па не сум толку разочаран. Направивме многу промени по спринтот, бидејќи не одевме никаде, па да видиме што ќе се случи утре“, изјави Норис.

Слични содржини