Шест пациенти се многу критични, 109 се во добра состојба

од Nikola Popovski
954 прегледи

Според Кризниот штаб, во Скопје во моментов се лекуваат 54 пациенти, откако 10 лица вчера беа пуштени на домашно лекување. Од нив 27 се во Клинички центар, 11 во „8 Септември“, 10 во Градска болница и во приватните клиники се 6 пациенти. Сите што се во домашните болници се во релативно добра состојба.

Министерот за здравство, Арбен Таравари исто така најави дека за наредните денови се планираат нови исписи, за што ќе се известува јавноста.

Во странските клиники се лекуваат 115 пациенти. 5 ќе бидат вратени од странство на домашно лекување. Некои од пациентите може ќе се вратат со комерцијални летови. Во текот на вчерашниот ден се пријавиле уште шест пациенти, кои досега не биле пријавени во клиниките и тие се исто така хоспитализирани. Вкупно 115 пациенти се лекуваат надвор од државата.

-Првична информација беше дека се околу 20 во многу критична состојба, сега се 6 во многу критична состојба. Да се надеваме дека оваа бројка нема да се зголеми со нови лица, односно дека нема да дојде до компликации. 109 се во добра состојба, рече Таравари.

Слични содржини