„Каде да фатам врски да си ги вратам другарите?“: Кочанчани излегоа на мирен собир

од Nikola Popovski
1,K прегледи

Граѓаните на Кочани денеска во 15 часот организираа едночасовен мирен собир во знак на почит кон загинатите и со поддршка за закрепнување на повредените. На истиот немаше официјален говор. Со пораки испишани на транспаренти, кочанчани кажаа дека бараат правда, a правосудните институции да го расчистат случајот до крај.

„Каде да фатам врски да си ги вратам другарите?“, „Или се селиме или живи гориме“ – беа само дел од испишаните пораки на транспарентите.

Граѓаните на собирот јасно изразија поддршка и за лицата од обезбедувањето во дискотеката, кои помогнале во спасувањето на младите, но во моментов се наоѓаат во притвор како осомничени. Кочанчани порачаа дека ќе продолжат да се собираат и во наредните денови.

Во понеделник на плоштадот „Македонија“ е најавен протест кој ќе почне во 18:59 часот. Протестот го најавија од иницијативата „Кој е следен“.

Слични содржини