26
Возачот на Мекларен, Австралиецот Оскар Пјастри, победи на денешната трка за Големата награда на Кина во Формула 1 на патеката во Шангај.
Пјастри со триумфот во Кина ја оствари третата победа во кариерата, а прва сезонава.
Второто место го освои уште еден возач на Мекларен, Британецот Ландо Норис, додека трет беше Британецот Џорџ Расел од Мерцедес.