Пјастри по победата во Шангај: Се надевам дека ова е почеток на борбата за титулата

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Оскар Пјастри, 23-годишниот Формула 1 возач, ја забележа третата победа во Шангај, додека неговиот тимски колега Ландо Норис заврши на второто место, обезбедувајќи двоен триумф на Мекларен.

Пилотот од Австралија се надева дека ќе се бори за светската титула во Формула 1.

-Се надевам дека ова е почеток на борбата за светската титула. Неверојатен викенд за Мекларен, супер успешен за нас, горд сум на нашите перформанси во текот на целиот викенд. Мислам дека по она што ми се случи во Мелбурн, заслужив поголема шанса овде, изјави Пјастри по трката.

Тој ја коментираше и работата на гумите, која повторно се покажа како многу важна за стратегијата на возачот за време на трката.

-Во однос на трошењето на гумите, дефинитивно беше тешко со средно тврдите, а тврдите „слик“ гуми се покажаа многу подобро отколку што сите очекуваа. Се покажа како пријатно изненадување, дека со тврдите гуми можевме да стигнеме до финалето по едно застанување во боксот. Задоволен сум од тоа како помина трката, горд сум на целиот тим. Забележавме двојна победа на тимот што е најважно, заврши Пјастри.

Слични содржини