Во Обреновац, Србија се одржа нов протест организиран од студентите во блокада за поддршка на локалните средношколци. По прошетката од центарот на Обреновац, граѓани, студенти и ученици во 17 часот го блокирале излезот кон автопатот Милош Велики, како и стариот пат за Белград.
Протестната прошетка низ улиците на Обреновац започнала околу 15 часот, а колоната ја предводеа земјоделци со трактори, по што следеа редарите, а потоа и студенти од белградскиот универзитет, како и средношколци од Обреновац и граѓани, јавуваат од „N1“.
Учениците од гимназијата во Обреновац први ја прекинале наставата и се солидаризираа со студентите кои бараат да се утврди одговорноста за уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад.
Протестниот марш тргнал од центарот на Обреновац до излезот од градот, каде што бил блокиран излезот кон автопатот Милош Велики, како и стариот пат кон Белград.
Главната порака на демонстрантите е дека демократијата и институциите се темелот на државата. Средношколците на толпата им се обратила со порака „Добредојдовте во Обреновац, ослободители“. Тие посочиле и дека директната демократија во Србија може да функционира.
На почетокот на колоната бил развиен бел транспарент со црни букви на кој пишувало „Корупцијата убива“ на српски, македонски и грчки јазик.