Перински за мораториумот на јавните објекти: Санирање на недостатоците или забрана за работа

од Даниел Ѓорѓиевски
83 прегледи

На новинарско прашање за мораториумот на јавни објекти, во кои спаѓаат градинки, училишта и пензионерски домови, Златко Перински потврди дека  овие објекти ќе бидат проверени и доколку не ги исполнуваат потребните услови кои гарантираат безбедност на граѓаните, ќе добијат временски период да ги санираат недостатоците.

„Оние објекти каде ќе се увиди некаква недоследност  ќе им се даде рок на истите да се острани, практично да може да биде гарантирана безбедноста на сите корисници на таа и навистина ни е битно да превенираме во иднина нешто непосакувано да се случи. Доколку таа аномалија објектите не ја отстранат нема да можат да работат“ изјави Перински.

Министерот за локална самоуправа побара простор од јавноста за спроведување на реформите и како што нагласи, резултатите ќе бидат видливи и дека се работи на унапредување на сите недостатоци со кои се соочуваат.

Слични содржини