Синдикатот на Македонската филхармонија реагира на одлуката на министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кој назначи Мустафа Имери за нов директор. Според синдикатот, оваа одлука е јасен показател за непочитување на законите и продолжување на нетранспарентни и незаконски практики во процесот на именување. Тие тврдат дека партиските врски и договори се единствениот критериум за избор на раководни позиции.
Како што истакнуваат, Љутков донел политичка одлука наместо правно основана и, и покрај тоа што Имери не ги исполнил сите услови во конкурсот, тој го назначил без соодветна квалификација. Вработените планираат да побараат кривична одговорност за министерот, заради тоа што, според нив, наместо да ги почитува законите, тој продолжува со практики од минатото.
Синдикатот ја истакнува својата посветеност на транспарентноста и правичноста во изборот на идниот директор, без оглед на етничката припадност. Тие исто така осудуваат националистички изјави и нагласуваат дека се важни компетенциите и способностите на кандидатот.
„Мустафа Имери не ги исполнува условите и е избран на незаконски начин. Затоа, ќе организираме протести се додека не се повлече оваа одлука. Оваа власт продолжува да не потценува и не почитува системот и законите,“ изјавија од Синдикатот.
На крај, тие ја информираат јавноста дека хуманитарниот концерт „Без зборови“, планиран за утре, ќе се одржи, со цел да се соберат средства за жртвите на трагедијата во Кочани.