УХМР: Во текот на ноќта интензивни врнежи од дожд, можна појава на свлечишта

од Milan1
37 прегледи

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) известува дека вечерва и во текот на ноќта се очекуваат врнежи од дожд на целата територија на земјата, при што во одредени делови врнежите ќе бидат пообилни и со интензивен карактер.

Воглавно коритата на реките не се исполнети со вода и имаат простор за примање на новите врнежи, но се очекува зголемување на водостојот на сите реки низ земјава.

Во западните делови на земјата се очекува значително покачување на водостоите и полнење на речните корита. Исто така, според дел од нумеричките модели за прогноза, и во источните и југоисточните делови на земјата можно е да има интензивни врнежи од дожд (претежно за време на ноќта и утрешниот ден) што ќе услови зголемување на водостоите.

Поради можноста од појава на обилни и интензивни врнежи, во одредени делови на земјата можни се и појави на одрони и свлечишта, како и можни проблеми во дел од градовите. Се предупредува на претпазливо движење покрај реките и суводолиците.

Слични содржини