74
Првиот човек на општина Чаир, Висар Ганиу синоќа информира дека од девет училишта на територија на неговата општина, дури седум немале имотен лист и биле изградени без соодветна документација. Појасни дека тие биле изградени на диво.
-Ние поправаме една историја можеби 50 години што некој го наметнал така, и после легализираме се што е таму. После 1963 година имаме ред блокови на згради без имотни листови и сега луѓето се снабдуваат со документи преку законот за легализација, рече градоначалникот во емисијата „Клик плус“.