Позната српска пејачка за кочанската дискотека: „Кога стигнавме мислев дека сме на погрешна адреса, но внатре беше како вселенски брод“

од Nikola Popovski
2,5K прегледи

Трагедијата во Кочани одекна низ целиот регион, а изразите на сочувство и поддршка за семејствата на жртвите постојано доаѓаат од музичари, јавни личности и граѓани. Меѓу оние кои јавно ја изразија својата болка е и српската пејачка Марија Микиќ.

Таа открилa дека и самата настапувала во дискотеката „Пулс“ и дека местото и останало во сеќавање како простор исполнет со енергија, младост и музика. Микиќ е една од последните изведувачки надвор од земјава која имала концерт во дискотеката.

Во едно од нејзините интервјуа, Микиќ опишала каква била дискотеката – како место каде што младите доаѓаат да се забавуваат и да создадат спомени, никогаш не сомневајќи се дека таму ќе се случи таква незамислива трагедија.

– Ќе бидам целосно искрена… Кога стигнавме пред клубот, мислевме дека сме на погрешна адреса. Но, кога ќе влезете внатре, тоа е сосема поинаква приказна – изгледа како вселенски брод! Огромен контраст од она што не пречека надвор. Публиката беше одлична, енергијата беше неверојатна, што навистина не го очекував од мало место како Кочани. Навистина се наежив, изјавила пејачката во една емисија.

Продолжува истрагата за пожарот во дискотеката. Полицијата влезе во домот на сопственикот, се бараа нови докази, беа одземени компјутери и финансиска документација. Судот во Кочани ги прифати жалбите на тројца осомничени. Обвинителството незадоволно, поднесе жалба до штипска Апелација. 59 лица, претежно млади, го загубија животот во Кочани.

Слични содржини