Голем удар за Марин Ле Пен: Уставниот суд во Франција одобри забрана за политичко делување

од Vladimir Zorba
118 прегледи

Уставниот суд на Франција во петокот пресуди дека на локалните политичари може да им се забрани да извршуваат политички функции доколку се осудени за кривично дело, пренесe Ројтерс.

Ова ја отвора можноста лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен потенцијално да биде исклучена од претседателската трка во 2027 година, доколку биде осудена во случајот за проневера што завршува во понеделник.

Водачот на Националниот митинг (РН), Ле Пен, која води во анкетите за претседателските избори во 2027 година, ги обвини обвинителите дека бараат нејзина „политичка смрт“ барајќи од судиите да и забранат политичко делување на пет години доколку биде осудена.

Ако на Ле Пен и се одобри забрана наречена „привремено извршување“, која ќе стапи во сила веднаш дури и ако се жали на пресудата, нема да и биде дозволено да се кандидира на изборите во 2027 година.

Во својата одлука, судот наведе дека „привременото извршување“ на казната забрана за вршење функција не ги повредува правата како слободата на изразување и затоа е законито.

Во случајот на Ле Пен, обвинителите побараа судиите веднаш да наметнат петгодишна забрана без оглед на можна жалба, преку истото „привремено извршување“.

Привремената забрана нема да резултира со смена на Ле Пен од пратеничката фотелја до крајот на нејзиниот мандат, но ќе ја спречи да се кандидира на нови избори.

Ле Пен и неколку други членови на партијата се обвинети дека пренасочиле повеќе од три милиони евра од средствата на Европскиот парламент за да платат персонал кој работел за партијата во Франција.

Слични содржини