Град Скопје: Каналите и коритото на Маркова Река не се под наша надлежност

од Nikola Popovski
36 прегледи

Град Скопје информира дека согласно актуелните акти на Министерството за животна средина и просторно планирање, и актуелниот ГУП донесен во време на Коце Трајановски надлежноста за одржување на одводните канали и коритото на реката Маркова Река е во директна надлежност на општина Студеничани и Министерството за животна средина и просторно планирање. Оттаму како што велат, Градот Скопје нема никаква надлежност за постапување на овие канали и коритото на реката.

-Градот Скопје во неколку наврати досега апелираше до надлежните во општината за потребата од чистење на каналите и коритото, но апелите за жал не наидоа на резултат од страна на одговорните, појаснуваат од градската администрација.

За дезинформациите ќе бараме и правна одговорност, појаснуваат од Кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска.

-Во овој момент екипи од Противпожарната бригада на Град Скопје, ЈП Водовод и Канализација и останатите претпријатија на градот Скопје се на терен и активно помагаат во спречување на дополнителни штети и санирање на веќе настанатите, стои во соопштението.

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски синоќа информираше дека механизацијата е на терен, нема опасност по населението и дека силно се работи на враќање на реката во своето корито.

-Со колегата градоначалник на Студеничани Азем Садику сме тука и будно ќе ја следиме ситуацијата да биде под контрола, во текот на целата ноќ. Она што вистински загрижува е што сите институции не си ја вршат својата работа – со акцент на градот Скопје од кој лично имаме побарано во неколку наврати да се среди речното корито но, од страна на градоначалничката во заминување ни беше одговорено дека немаат предвидено средства за тоа. Замислете…, објави меѓу другото градоначалникот.

Непроодни се локалниот пат село Горно Лисиче кон село Долно Лисиче и првиот мост во село Батинци, соопшти утрово АМСМ.

Слични содржини