48
Утрово на скопскиот аеродром беше пречекан првиот авион на „Изиџет“ кој дојде парискиот аеродром „Орли“. Со тоа, од денеска 2 април, Скопје се поврзува со главниот аеродром на француската престолнина.
„Изиџет“ е најголема авиокомпанија во Европа, од аспект на авиодестинации. Авиокомпанијата ќе лета двапати неделно – секоја среда и сабота.
„Изиџет“ првпат влезе на македонскиот пазар во ноември 2021.
Компанијата ќе се соочи со индиректна конкуренција на новата линија, имајќи предвид дека унгарската нискобуџетна компанија „Визер“ одржува летови меѓу Скопје и аеродромот Буве, што се рекламира како лет до Париз. Сепак, за разлика од Буве, кој е оддалечен 90 километри од центарот на Париз, од аеродромот „Орли“ има само 20 километри.