71
Американскиот претседател Доналд Трамп им рекол на членовите на неговиот кабинет и на други блиски соработници дека Илон Маск, шеф на Одделот за владина ефикасност на Соединетите Американски Држави (DOGE), наскоро ќе се повлече од таа позиција, објави денеска американскиот портал „Политико“, повикувајќи се на три извори блиски до Трамп.
Според Политико, Трамп и Маск неодамна се договориле Маск да се врати на своите приватни работи.
DOGE е формиран со цел да се намали трошењето на владините агенции, како и да се распуштат оние чии улоги се покажаа како вишок, пренесува Танјуг.