Шер се прости од Вал Килмер – поранешната љубов испрати емотивни зборови

од Nikola Popovski
29 прегледи

Познатата уметничка се огласи по смртта на актерот со кој беше во врска неколку години во текот на осумдесетите. Шер и Вал Килмер беа еден од најпопуларните парови во средината на осумдесеттите, по што таа започна врска со неговиот агент, а актерот набрзо ја запозна поранешната сопруга Џоан Воли.

И покрај тоа, тие останале блиски пријатели, а на Вал му се слошило токму во нејзиниот дом, по што дознал дека боледува од тешка болест.

Иако успешно се опорави од рак, последните години ги помина во изолација и немаше многу вести за неговата состојба. Сепак, вчера неговата ќерка ја потврди тажната вест, наведувајќи ја пневмонијата како причина за смртта.

Во оваа прилика се огласи и Шер која на социјалните мрежи испрати емотивни зборови: “Валус! Ќе ми недостигаш. Беше смешен, луд, напорен, но и одличен пријател. Децата те сакаа. Брилијантен како Марк Твен, храбар за време на болест”, напиша пејачката на својот X профил.

Слични содржини