Трамп: Сега е идеално време да се збогатите

од Milan1
52 прегледи

Претседателот Доналд Трамп денеска им рече на инвеститорите дека, во услови на превирања на пазарот предизвикани од неговото воведување нови царини ширум светот, сега е вистинското време да се инвестира во Соединетите држави.

„За многуте инвеститори кои доаѓаат во САД и инвестираат огромни суми пари – моите политики никогаш нема да се променат. Ова е одлично време да се збогатите и повеќе од кога било досега! објави Трамп на платформата „Truth Social“.

Изјавата на Трамп доаѓа во време кога светските пазари се во пад поради ескалацијата на трговската војна меѓу САД и Кина, а клучните берзански индекси во Лондон, Франкфурт и Њујорк бележат значителни загуби.