📷Дуа Липа ги покажа сите атрибути во предизвикувачка комбинација

од Vladimir Zorba
68 прегледи

Британската пејачка Дуа Липа веќе некое време е на турнејата „Радикален оптимизам“, но и покрај напорниот распоред успева да најде моменти за уживање. Во неделата таа сподели неколку фотографии од Нов Зеланд и воодушеви со својата предизвикувачка облека.

Дуа за викендот отишла во ноќен клуб со своите пријателки, а за таа прилика избрала црн комплет во кој ја истакнала својата витка линија. Таа носеше црн топ со бели риги и тесно здолниште со истиот дезен. Во преден план беше нејзиниот извајан стомак, а покажа и неколку тетоважи кои ги има на рацете.

„Нашата последна ноќ во Окленд и разни други работи од турнејата“, напиша пејачката.

Дуа сподели и видео на кое позира во црвена долна облека, мрежести гаќички и бунда, како и фотографија во црно трико со златни детали што ги носеше за време на концерт.

Таа сподели уште неколку модни комбинации кои ги носеше за време на турнејата, како и неколку моменти од нејзините настапи. Нејзините обожаватели ја опсипуваа со комплименти. „Мојата кралица“, „Ти си убава“, „Девојката од моите соништа“, „Најдобрата пејачка“, и напишаа тие.

Инаку, пејачката неодамна заврши еден дел од турнејата, онаа во Австралија и Нов Зеланд, а најави дека ќе ја продолжи турнејата во Европа. Во рамките на турнејата таа ќе настапи во Мадрид, Хамбург, Прага, Амстердам, Милано и многу други градови.

Слични содржини