(ВИДЕО) Маск го нарече советникот на Трамп идиот

од Milan1
62 прегледи

Илон Маск жестоко му возврати на Питер Наваро, еден од главните советници на актуелниот американски претседател Доналд Трамп, нарекувајќи го идиот. Зборувајќи за „CNBC“, Наваро рече дека Маск „не е производител, туку само склопувач на автомобили“ кога станува збор за тарифите и трговијата.

„Маск сака евтини странски делови, а ние сакаме да ги правиме дома“, рече Наваро.

Тие коментари очигледно предизвикаа бурна реакција на шефот на Тесла, кој на социјалната мрежа „Х“ одговори со навреда.

Претходно „Вашингтон пост“ објави дека Маск лично побарал од Трамп да ги повлече царините, повикувајќи се на два неименувани извори.

Маск вчера сподели видео на „Х“ во кое ја поддржува слободната трговија што се толкува како јасна критика на царинската политика на Трамп.

Слични содржини