Актер на сетот на филмот ги оспорува тврдењата на Блејк Лајвли за контроверзната сцена на раѓање во тужбата против Џастин Балдони, тврдејќи дека актерката не била „речиси гола“ како што тврдела. Мондшајн, кој учествувал во снимањето на сцената, истакнува дека Лајвли била соодветно облечена и не изразувала непријатност за време на снимањето, што дополнително ги комплицирало нејзините напори да го поправи нарушениот имиџ.
Иако Блејк Лајвли сега се обидува да си го врати угледот со своите постапки, по оваа исповед ќе и биде многу тешко. Откако таа се осврна на сцената на раѓањето на нивното дете во тужбата против Џастин Балдони, се огласи актерот кој беше присутен на сетот и ја откри вистината за спорната сцена.
Имено, 37-годишната актерка во тужбата навела дека била вознемирена од однесувањето на Балдони на сетот, вклучувајќи ја и сцената со породувањето за која ангажирал актер со кој приватно е во добри односи. Во тужбата, таа тврди дека Балдони го ангажирал својот најдобар пријател да ја игра улогата на специјалист за породување, кога мала улога од ваква природа вообичаено би ја исполнил локален актер.
„Г-ѓа Лајвли чувствуваше дека изборот на пријател на г-дин Балдони за оваа интимна улога, во која лицето и рацете на актерот беа во непосредна близина до нејзините речиси голи гениталии за сцената на раѓање, беше инвазивен и понижувачки“, се вели во тужбата.
Меѓутоа, сега се огласи и актерот кој Блејк го нарече најдобар пријател на Балдони. Тој не го криел шокот, но решил да го задржи професионалениот став. Актерот Адам Мондшајн на тој начин тврди дека Лајвли ги „преувеличува“ работите…
„Нема да шпекулирам за мотивите на г-ѓа Лајвли да ме именува во тужбата. Непотребно е да се каже дека моето искуство со работа со неа е многу различно од она што таа го опиша во нејзината тужба“, изјавил тој за „Page Six“, додавајќи дека бил искрено изненаден кога го прочитал нејзиниот опис на сцената.
Мондшајн, која помогнал во клучната сцена на породување во болница, го оспорува тврдењето на Лајвли дека таа била речиси гола, наведувајќи дека носела болничка наметка, црни кратки шорцеви и протеза, заедно со лична облека по нејзин избор. Тој исто така тврди дека актерката никогаш не се пожалила и не изразила непријатност за време на снимањето, нагласувајќи дека се било целосно професионално и дека ништо необично или несоодветно не се случило.