МЗ со најнови информации за критичните пациенти кои се лекуваат во странство

од Nikola Popovski
36 прегледи

Министерството за здравство информира дека денеска се враќаат четворица од повредените лица во пожарот во Кочани кои се лекуваа во медицински центри во Хрватска (двајца пациенти), Шведска (1 пациент) и Италија (1 пациент). Според МЗ, во странство се хоспитализирани 60 пациенти. Непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти.

Во болниците во земјава во моментот се лекуваат 7 пациенти, од кои четворица во Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“, двајца пациенти во приватната болница Систина и еден пациент на Клиниката за пулмологија.

По 21 ден борба со повредите од пожарот во кочанската дискотека – четворица пациенти ја напуштија софиската болница „Пирогов“ и заминуваат на домашно лекување. За овој период, извршени им биле повеќе од 12 операции. Лекарите велат – сите биле примени со тешки повреди. Пациентите се на возраст од 15 до 31 година. Натамошното лекување ќе го продолжат во болницата „Пирогов“.

По пожарот во Кочани, 15 повредени беа пренесени на лекување во соседна Бугарија, по тројца во Пловдив и Варна, а осуммина во болницата „Пирогов“ во која е еден од поголемите центри за третирање на изгореници во регионот.

Слични содржини